Тинејџерката која закачила пораки на мостот за да им помогне на луѓето кои се соочуваат со криза на менталното здравје, веќе спаси шест животи, соопштила британската полиција.
Пејџ Хантер (18) залепила повеќе од 40 пораки на Вермаут мостот во Сандерленд. На една од нив пишува „Иако работите се тешки, вашиот живот значи, вие сте силното светло во мрачкиот свет, држете се“.
Шефот на полицијата Сара Пит рекал дека се работи за иновативен начин да се допре до оние кои преживуваат мрачни моменти, пишува ВВС. Како што рекла, важно е да се охрабрат луѓето да разговараат за проблемите на менталното здравје.
– Пејџ покажа неверојатно разбирање за загрозените луѓе на кои им е потребна поддршка. За некој толку млад, покажа вистинска зрелост и сметаме дека единствено исрпавно би било лично да и се заблагодариме. Треба да биде многу горда на себе, рекла Пит.
Мрачни тајни на проколнатото гратче во Европа: За шест години 79 самоубиства (ФОТО+ВИДЕО)