Тринаесеттата седница на Советот на Општина Куманово која на почетокот на јули беше прекината поради координација на дел од советниците, ќе продолжи утре.
Советниците ќе расправаат по останатиот дел од дневниот ред односно од седмата до 11. точка, при што ќе треба да се произнесат по предлогот да се донесе одлука за формирање на Совет за заштита на потрошувачите, а воедно ќе треба да се именуваат членови на управен и назорен одбор на новото Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови „Куманово – План“.
Воедно пред советниците ќе се најде и предлогот да се однесе одлука за отпочнување на постапка за изнајмување на деловен простор под закуп за потребите на Општина Куманово, како и акциски план за заштита и спречување на дискриминација.
Седницата можете да ја следите во живо на програмата на телевизија „Плус“ со почеток во 10 часот.