Улиците „Никола Вапцаров“, „Перо Чичо“, „Ѓорче Петров“, и улицата „1“ во населбата Јане Сандански во Куманово денска се без вода, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Станува збор за дефекти кои се регистрирани на овие локации. Екипите на Јавното претпријатие „Водовод“ се излезени на терен и работат на отстранување на истите. Наскоро се очекува нормализација на водоснабудвањето.