26-годишен дилер од Гевгелија заработи кривична пријава

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Струмица – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Гевгелија, до Основното јавно обвинителство во Велес, поднесе кривична пријава против С.Џ (26) од Гевгелија. поради постоење основано сомневање дека пријавениот сторил кривично дело „неовластено  производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ предвидено по  член 215 став 1  од  Кривичен законик.

Имено, по претходни оперативни сознанија и добиени Наредби  за претреси од Судија на претходна постапка при Основен суд Гевгелија, од страна на полициски службеници при НК за КР Валандово и ПС ОН Гевгелија, на 19.07.2018 година  извршен  е претрес, во дом – куќа и помошни простории каде престојува пријавениот во Гевгелија.

Како што информираат од полицијата, од извршениот претрес кај пријавениот пронајдени се девет најлонски кеси со марихуана или со вкупно нето маса еден килограм и 640 грама и една дигитална вага со остатоци од марихуана. Пријавениот е лишен од слобода, а од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Leave a Reply