М.Ч. од Белград, Република Србија во текот на вчерашниот ден пријави дека истиот ден околу 11,00 часот на паркинг на улицата “Филип Втори Македонски” од страна на две непознати машки лица (едниот се претставил дека е од Призрен, а другиот од Кувајт), му била извршена измама, со што бил оштетен за сума од 115 Евра.
Како што информираат од Министерството од внатрешни работи, откако го прашале оштетениот дали знае германски јазик бидејќи двајцата не можеле да се договорат во врска со случена сообраќајна незгода, лицето кое се претставило дека е од Призрен побарало 100 евра од другото лице за случената незгода со цел да не го пријави во полициска станица, по што лицето од Кувајт понудило часовник кој наводно чини 5,000 евра да го продаде на лицето од Призрен, но бидејќи истиот немал пари во него, требало да заминат за истите да ги обезбеди.
Лицето од Кувајт го замолило оштетениот да му даде евра за да знае како изгледаат и да не биде измамен од другото лице, по што М.Ч. му дал 115 евра.
Двете лица го напуштиле местото на настанот ветувајќи дека за кратко ќе му ги вратат парите.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.