Осум лица повредени во сообраќајка на патот Радовиш – Штип

Сподели со своите пријатели

Рано утринава во 03,50 часот, било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш – Штип, во близина на Бучимска раскросница се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел Астра“  со радовишки регистерски таблици управувано од М.Ј (60) од Радовиш, патничко моторно возило „Фиат Панда“  со скопски регистарски таблици,  управувано од Р.С (62)  од Радовиш и еден трактор ИМТ “Фергусон“ 539  управувано од М.О (44) од село Тополница, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во сообраќајната незгода со телесни повреди се здобиле двајцата возачи на возилата, М.Ј.(58) Н.Ц.(60) и Н.Т.(58) сопатнички од возилото “Опел Астра“, потоа С.О.(21) и А.О.(45) сопатнички од тракторот, додека Ј.Г.(59) сопатник од возилото “Фиат Панда“ се здобил со тешки телесни повреди.

Од страна на полициски службеници по овластување на јавен обвинител бил извршен увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply