Пратеник на републиканците во парламентот на сојузната американска држава Џорџија, Џејсон Спенсер, неодамна во телевизиската емисија „Која е Америка?“ ги соблекол панталоните и изнел расистички навреди, поради што властите од него бараат оставка.
Емисијата е нов, сатиричен проект на познатиот комичар Сашо Барон Коен, кој прерушен во различни ликови, во разговорот со истакнати американски политичари, ги навлекува често да даваат сомнителни, обично погрешни изјави и на тој начин ги става во прилично непријатна положба.
Во емисијата во која гостувал Спенсер, Коен се масикрал во полковникот Еран Морад, израелски експерт за борба против тероризам, кој на пратеникот наводно му покажал неколку трикови со помош на кои може да ги препознае терористите.
Еден од триковите се однесувал на откривање кој навистина се крие под бурката, затоа што Спенсер се залага за нивна забрана. Коен рекол дека во такви ситуации најдобро е да се искористат стаповите за селфи, кои лесно, наводно незабележливо, можат да се протнат под бурката и да ја фотографираат ситуацијата, додека човекот кој го држи стапот се преправа дека е турист, токму како оние од Азија. Сепнсер ги следел упатствата без размислувања.