Северната хемисфера трпи превисоки температури, а климатските промени не се единствената причина, предупредува „Гардијан“.
Минатата недела властите во Шведска издадоа необичен повика за меѓународна помош во спречување на големите пожари кои последните денови избувнуваат во државата.
По повеќе месеци без дожд, со високи температури кои траеле со недлеи, шумите во целата земја се претвориле во пожари, пишува британски Гардијан.
Резултатите биле застрашувачки. Избувнале низа шумски пожари, а до минатата недела имало повеќе од педесет шуми во пламен, од кои многумина во арктичкиот појас.
Државата позната по студеното и снежно време се нашла во неизбежна борба со пожарите и била принудена да побара меѓународна помош.
Како што наведува Гардијан, на сверениот дел на нашата планета топлотните бранови станале вообичаена појава предизвикувајќи десетина смртни случаи, пожари и суши. Ширум северната хемисфера, во Северна Америка, на Арктик, Северна Европа и Африка забележани се рекордно високи температури.
Метеоролошката станица во Алжир во Сахара, забележала температура од 51,3 степени целзиусови, што е најголемата температура забележана во Африка. Во Јапонија каде температурите достигнаа 40 степени, населението е повикано на претпазливост откако бројот на умрени од топлотниот бран достигна 30, а илјадници се сместени во болниците. Во Калифорнија згоилемена е употребата на клима уреди што довело до недостаток на струја.
Од топлина во Велика Британија се стиопи кров на Научниот центар во Глазгов, додека тревниците ширум земјата се спржени. Моменталниот топлотен бран стана голабален проблем, наведува Гардијан.