Новата чешма за пиење вода која пред некој ден беше поставена на шеталиштето во мини паркчето пред градските базени во Куманово, не издржа ниту 24 часа.
Вандалите веднаш се фрлиле во акција и чешмата ја искршиле, откако пред нешто повеќе од месец дена ѕидовите на шеталиштето беа исчкртани со спреј.
Апелите на градоначалникот Максим Димитриевски не вродија со плод, па вандалите продолжуваат со своето дивеење во градот и пустошење на јавен имот и комулната и урбана опрема.
Но, каде е полицијата? Десетици случаи на вандализирање јавен имот имавме во текот на оваа лето, а од страна на СВР Куманово не е расветлен ниту еден. Всушност расветлен е еден, но човекот сам се пријави дека го вандализираше споменикот на Тито.
Каде се позорникарите кои министерот Оливер Спасовски ги промовираше во Куманово? Нивната цел беше да водат сметка за јавниот ред и мир во градот на местата каде фрекфенцијата на граѓани е поголема.
Дозволивте градот да стане поднебје на хулигани, кои дивеат и не одговараат за своите постапки.
ШТО Е СЛЕДНО?