Во силните воздушни вртлози кои минатата недела ја зафатија сојузната американска држава Ајова, повредени се дваесетина луѓе, а причинета е огромна материјална штета.
Забележани се дури 27 торнада, пренесува CNN. Видео снимките кои се појавија на интернет се застрашувачки.
Во местото Пела во близина на градот Дес Моинес седум луѓе се повредени, а материјалната штета е огромна затоа што воздушните вртлози креваат кровови од куќи, рушат ѕидови, корнат дрвја и превртуваат автомобили.
https://youtu.be/qq3SpEX8k5E
Loading...
Во градот Маршалтаун во налет на торнадо повредени се десет лица, срушена е зградата на судот, уништени се многу згради, куќи и автомобили, а улиците се блокирани со дрјва и срушени столбови.
Добар дел од градовите останале без електрична енергија, а бидејќи торнадото силно ја оштетил централата на телекомуникациската компанија, нивните услуги биле ограничени само на итни повици.
Локалните власти во најтешките градови прогласиле вонредни состојби.
https://youtu.be/uLs6q4L46gg