Бебе змија била загалвена 100 милиони години, научниците ја пронашле на необично место (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Бебе змија откриена е во парче бурмански ќилибар (вид скапоцен камен) кој датира од пер 100 милиони години, со што е откриен нов вид, соопшти во среда група научници од Кина, Канада, Австралија и Америка.

Рептилот, кој го добил името Xiaophis myanmarensis, доживеал прерана смрт пред 99 милиони години. Ќилибарот го пронашле работници во каменолом во близина на кинеската граница.

Крвавиот остров се уште крие тајни: По 400 години откриени нови скелети на бруталното масовно убиство (видео)

Loading...

Склетот на змија е без глава и долг само 4.75 сантиметри. Неговата нецелосна формација на коски одговара на она то денес се гледа во неонатални змии, новороденчиња до четири недели.

Тимот користел микроскопи и рендгенско скенирање за да анализира големина, форма и ориентација на коски.

Истражувачите споредувале нови фосилни структури на коските со постоечка база на податоци за фосили на змија за да видат дали постојат некои поклопувања.

Научниците исто така откриле дека механизмот низ кој змиите ги развиваат коските многу малку се промениле во текот на десетиците милиони години.

СВЕТОТ ВО ЧУДО: Откриен скелет на дете вонземјанин стар 2.000 години (видео)

Студијата исто така понудила прв доказ дека некои змии во текот на периодот пред 100 милиони години живееле во шумите.

Фосилите од било кој вид во тоа време се ретки, па така ширум светот откриени се околу 15 фосили од овој период.

– Фосилот е првото бебе змија и најстарото бебе змија кое досега е пронајдено, рекол Ксинг Лида, палеонтолог и шеф на тимот истражувачи.

Leave a Reply