Две плажи на јапонскиот североисточен брег кои беа уништени од огромното цунами од 2011. година отворени се денеска, прв пат по скоро осум години.
Во текот на сезоната, тие две плажи ги посетувале од 30.000 до 50.000 луѓе, но по земјотресот кој предизвика цунами и катастрофи во нуклеарниот центар Фукушима, истите беа затворени, пренесува Кјодо.
Кога Кинезите одат на плажа настанува метеж каков никогаш немате видено (ФОТО)
Loading...
Квалитетот на водата кој го проверувале научниците е на нивото кое ги задоволува безбедносните стандарди.
Тие две плажи се дел од вкупно 18, кои беа затворени во 2011. година.