Предвреме родено бебе пингвин на кое родителите од невнимание му го скршиле јајцето се опоравува во Лондонската зоолошка градина благодарение на брзата реакција на чуварите и ветеринарите.

Чуварите на зоолошката биле изненадени кога откриле дека во скршеното јајце на Хумболтовиот пингвин пилето било живо и итно го префрлиле на клиника каде е ставено во инкубатор.


