И додека во Македонија од 2002. година не е направен попис на населението, на другиот крај од светот, во Вашингтон државните и приватни здруженија започнаа тригодишен попис на вкупниот број на мачки во главниот град, во надеж дека така ќе помогнат во равојот на управување со популацијата мачки ширум САД, пренесува Алџазира.
За проектот на попишување ќе се користат камери, ќе се минува низ домаќинствата и како и другите техники ќе се одреди бројот на улични и домашни мачки во град со 690.000 жители, се наведува во соопштението на Ројтерс.
Loading...
Проектот го започнува „DC Cat Count“ кои велат дека податокот за бројот на мачки кои живеат во Вашингтон ќе им помогне на шетерите за подобра распределба на средствата, а на истражувачите да ги следат мачките и да ја контролираат популацијата на улични мачки. Пописот би требало да биде завршен во јуни 2021. година.
Според податоците на Американското ветеринарно здружение скоро секое трето домаќиство во САД има барем една мачка, или вкупно повеќе од 74 милиони. Студијата на американските научници објавена во 2013. година наведува дека мачките се главна причина за смрт на птиците и малите цицачи.