Текст и фото: Министерство за информатичко општество и администрација
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски оствари работна средба со министерот за јавна администрација на Естонија, Јанек Маги.
На состанокот разговараа за процесот на дигитализација на Естонија и позитивните искуства кои можат да бидат пренесени во Македонија. Во тој контекст двајцата министри разговараа за можноста Македонија и Естонија да потпишат меморандум за соработка.
Како што истакна министерот Манчевски, експертизата која што ја поседува Естонија, може да послужи како пример и мотив за посветеност и реализација на зацртаните цели за дигитализација на Македонија. Како што подвлече министерот Маги, можноста за соработка на ИКТ компаниите во двете земји, инвестирањето во иновативни проекти и стартапи во Македонија е отворена. На овој начин ќе се придонесе кон економски развој на земјата, зголемување на просечната плата, а на подолг рок и задржување на младите во Македонија.


