Времето денеска изутрина ќе биде сончево со умерена облачност, во текот на денот облачноста постепено ќе се зголемува.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе продолжи да дува со умерен до засилен еверозападен ветер, особено ќе биде изразен вдолж Повардарието и во источните делови. Во крајните североисточни делови можен е краткотраен дожд. Минималните температури ќе се движат од 11 до 20, а а максималните ќе бидат во интервал од 22 до 30 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време, со услови за врнежи и грмежи во текот на попладневните часови. Ќе дува умерен ветер од северен, односно северозападен правец. Максималната дневна температура ќе достигне 23 степени целизусови.
Во наредните денови во поголемиот дел од земјава ќе преовладува стабилно и суво време, до петок ќе биде ветровито со засилен северен ветер. Локално се уште ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
В сабота времето ќе биде сончево и значително потопло, а од недела попладне и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат и поинтензивни процеси.