Репрезентативецот Бобан Стајиќ во претстојната кошаркарска сезона ќе го носи дресот на Работнички.
Кошаркарот кој минатата сезона играше во МЗТ Скопје, па во редовите на КК Куманово, новата сезона ќе ја продолжи во таборот на „центарци“ и всушност тоа е првото засилување на актуелниот шампион.
Loading...
Во редовите на Куманово пак засега ништо официјално. Неофицијално Мајран Јанески, Никола Караколев и Александар Штерјов остануваат верни на сино-белиот состав, преговори се водат со некогашниот „кумановец“ Марјан Младеновиќ, додека единствена потврдена информација е дека на тренерското место останува Александар Петровиќ кој минатата сезона и покрај сите превирања успеа Куманово да го однесе меѓу четирите најдобри во државата.
Дека промени сепак ќе има, говори и фактот дека од позицијата претседател на КК Куманово си заминува Младен Давидовиќ, а неговото место ќе го пополни поранешниот кошаркарАлександар Крстевски. Промени ќе има и во управата на клубот, но засега молк од сите страни.
Новата сезона најверојатно ќе се игра во Спортската сала на СОУ „Перо Наков“, затоа што токму во септември, само месец дена пред стартот на новата кошаркарска сезона, се очекува да започне и реконструкцијата на Спортската сала Куманово.