Модните комбинации на кралското семејство не се евтини. Меган Маркл и Кејт Мидлтон често поставуваат трендови кои жените ширум светот се обидуваат да ги копираат, на доста поевтин и попристапен начин.
Меѓутоа, како што пренесуваат британските медиуми постои значителна разлика помеѓу она што го носат војвотките, а модните комбинации на Кејт се значително поповолни.
Loading...
Инаку Кејт е позната како единствена војвотка која знае да носи фустан кој чини само неколку десетици евра.
– Меган за облека на надминува Кејт. Всушност ако продолжат со вакво темпо, би можела до крајот на годината за модни комбинации да потроши и милион евра, јавува Дејли мејл.
Таа за неодамнешен настан во Даблин во рок од 24 часа носела гардероба вредна 30.000 евра.
Кралското семејство не смее да прима податоци, па сите дизајнерски парчиња со вртоглави цени мора да ги платат од личниот буџет.