Астрономите и натаму откриваат сателити околу Јупитер, а во најновото откритие откриле десет, со што вкупната бројка на природни сателити на оваа планета е зглемен на 79.
– Не сфативме веднаш за што се работи. Ни беше потребна цела година за да утврдиме какви се тие објекти, вели Скот Шепард од Карнегиев Институт за наука во Вашингтон, кој го предводел астрономскиот тим, пренесува АП.
Природните сателити на Јупитер претходно не се забележани затоа што се мали, а астрономите не знаеле дали тоа навистина се сателити или астероиди кои минуваат покрај џиновската гасовите планета.
Истражете го водениот свет со помош на подводен бежичен дрон (видео)