ЕУ им сврте грб на САД: Продолжуваат со соработката со Иран

Сподели со своите пријатели

Европската унија усвои правен механизам за да ги заштити европските претпријатија кои ќе продолжат да тргуваат со иран, отфрлајќи ги барањата на САД за економска изолација на Иран.

Американските санкции против Иран ќе започнат да се применуваат од 6. август, а истиот ден ќе стапи на сила и т.н. блокирачки статут, европски закон за блокада на санкциите.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека Унијата усвоил правен инструмент со кој европските претпријатија присутни во Иран ќе ги заштити од американските санкции.

Високата претставничка на ЕУ признава дека тоа ќе биде тешко, затоа што влијанието на САД во светската економија не е занемарливо.

Европскиот блокирачки статут, разработен во 1996. година има за цел да овозможи спротивставување на примена на американските санцкии на сите претпријатија и физички лица во светот, по принцип на примена на американското право и надвор од територијата на САД.

Многу големи европски претпријатија, како што е „Тотал“, одлучиле да се повлечат од Иран ако не бидат изземени од американските санкции.

Вашингтон, меѓутоа одбива да ги изземе од санцкии европските претпријатија откако го осудија нуклеарниот договор со Иран.

Leave a Reply