Безбедниот сообраќај е важен и за пешаците и за возачите и треба да се води грижа за сите аспекти кои влијаат на нив.
Првиот пешачки премин е обележан во градот Слау, во Англија на 31. октомври 1951. година. Набргу станал толку популарен што „Битлси“ направиле фотографија како преминуваат на улицата „Еби“, за својот истоимен албум. Познатата зебра била чекор напред кон безбедноста на патиштата, но таа не била прва иновација воведена за да на пешаците им се олесни преминувањето на патот.
Како настанала лентата за трчање и за што се користела во минатото?
И во Англија и во САД се обиделе на пешаците да им го олеснат преминувањето на улицата во триесетите години на дваесетиот век, по првата несреќа во која страдал пешак во Америка во 1899. година. Потоа се случиле безброј несреќи, па надлежните во многу земји се обиделе да воведат ред во соограќајот.
Пешачките премини во Британија започнале да се обележуваат во триесетите години. Првин биле поставувани метални обележувачи на асфалтот и столбчиња на двете страни на патот. За да се зголем безбедноста, властите експериментирале со ознаки со различни бои, за да на крајот осмислат упадливи црно-бели линии кои за прв пат биле поставени во 1951. година.


