Сподели со своите пријателиЖителите на Балканот ќе имаат можност ноќта помеѓу 27. и 28. јули да го набљудуваат помрачувањето на Месечината. Сите фази од помрачувањето ќе можат да се видат од Индискиот океан, Индија, Источна Африка, Арапскиот полуостров и подрачјето на Каспиското море. Од Балканот ќе може да се следи од излегувањето на Месечината по 20 часот и по неговото влегување во полусенка околу час и половина подоцна. Во случај на поволни временски услови, појавата ќе може да се набљудува со голо око. Покрај помрачувањето на Месечината, ќе можат да се набљудуваат и планетите Венера, , Јупитер, Сатурн и Марс. 2018-07-16