Доналд Трамп никаде не оди без својата лимузина вредна 1,5 милиони фунти (1,9 милиони долари) која е отпорна на бомби. Познатиот „ѕвер“ ќе го вози претседатлот на САД за време на посетата на Велика Британија и Шкотска.
Ниту овој пат ништо не е препуштено на случајот, па така Трамп во Европа пристигнал со две оклопни возила, за да потенцијалните напаѓачи не би знаеле во кое се наоѓа претседателот, пишува Дејли мејл.
Loading...
Покрај сопругата Меланија, Трамп на прекуокеанскиот пат го следи и лекар на Белата куќа, како и еден од петте воени соработници кои се ротираат, а кој со себе носи „нуклеарен фудбал“ опремен со комуникациски алати и книга со подготвени воени планови.
Познатиот „Ѕвер“ го следи Трамп на секое патување. Така лимузината, отпорна на куршуми, била и во Сингапур за време на неодамнешниот самит на Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун. Во таа можност американскиот претседател искористи да се пофали со својата лимузина, но Ким не беше претерано воодушевен.
Во задниот дел од лимзината се наоѓа седиште за претседателот и уште четири патници со стаклен делкој ги разделува. Само Трамп има копче со кое може да го спушти стаклото. Постои копче за паника и залихи со кислород.
Оклопните врата на лимузината се дебели 20 сантиметри и тешки како оние на Боинг 757, направено да заштита од хемиски напад. Прозорците имаат слоеви стакло и поликарбонат и отпорни се на куршуми. Единствен прозорец кој може да се отвори е оној на возачот и тоа само седум сантиметри.
Трамп го вози возач кој е инстреинар да се носи со најзахтевни ситуации, вклучувајќи бегање, избегнување и свртување од 180 степени. Во неговиот дел се наоѓа центар за комуникација и GSP систем за следење.
На задното седиште има сателитски телефон со диреткна линија со потпретседателот на САД и Пентагон.
И резервоарот за гориво е оклопен и исполнет со посебна пена кој го спречува да експлодира, дури и кога е директно погоден.
Каросеријата на лимузината има воен оклоп кој е дебел најмалку 12 сантиметри и направен од комбинација на челик, алиминиум, титаниум и керамика за одбивање проектили. Шасијата содржи челична плоча која штити од бомби, додека во рамките на системот за одбрана има пушка и конзерви со солзавец, но и ќеси со резерви на крв која ја има претседателот.
Гумите се засилени со кевлар, отпорни на остри предмети со челични фелни кои овозможуваат возилото да избега и кога тие се уништени.
Ѕверот на Трамп може да се претвори во запечатена панична соба со резервоари со кислорот, камера за ноќен вид, обложен со армиран челик. Лимузината е отпорна на куршуми, хемиски напади и бомби.
Двата „ѕверови“ се дел од големата колона возила која слета во Британија пред Трам со Боинг Ц-17.
Loading...
И покрај огромните трошоци за префрлување на возилата во Велика Британија, Трамп поголем дел од посетата ќе се вози со хеликоптер.
Во четврток тој слета во Лондон, а за време на дводенвната посета се состана со премиерката Тереза Меј и кралицата Елизабета Втора. Викендот го минува во резорт со голф терени во Шкотска, пред утрешната средба во Хелсинки со рускиот претседател Владимир Путин.