Се работи за музеј во кој фотографирањето не само што е дозволено, туку е единствената цел.
Изложбата под името „Фабрика на селфи“ која се отвора претставува ново поп-ап искуство и има потенцијал да стане светска сензација. Фабриката своите врата за инстаграмерите ќе ги отвори на 23. август, и тие ќе можат да уживаат во магијата на селфи фотографиите недела дена.
Овој претприемничко-уметнички концепт потекнува од три млади девојки, кои оваа идеја ја пренесуваат од Лос Анџелес во Велика Британија. Изложбата има тенденција да стане светска атракција.


