Корозивната црна паста „Black salve“ која ширум светот се рекламира како евтин лек за рак, всушност ја јаде кожата и доведува до нејзино скапување, но тоа сепак не ги спречува заболените, во потрага по било каков спас, да го пробаат и овој лек.
Токму тоа се случило со Тереза, жена која во 2017. година заболела од рак на дојка и во момент на слабост решила да го испроба лекот за кој рекламата ја видела на интернет.
„Black salve“ се рекламира како лек кој доведува до повлекување на канцерот, а иако Американската агенција за лекови предупредува дека е во прашање лажен лек кој го разорува ткивото, многумина и натаму се свртуваат кон него.

Така и Тереза на својата дојка започнала да нанесува од пастата која го јаде ткивото. Прв пат се појавила во октомври 2017. година и набргу потоа градите и станале црвени и подуени.

По месец дена тиковото кое било третирано со пастата започнало да гние и да добива црна боја. Во тој момент Тереза споделила фотографии на група посветена на овој лек со опис дека не очекувала такви реакции од лекот, но дека е среќна поради та што мисли дека ракот почнал да излегува.


