Куманово вечерва е еден од 15те градови низ кои со концерти се слави поканата за членство во НАТО.

Поголем број граѓани, обично пензионери и повозрасни кумановци, заедно со министрите за внатрешни работи Оливер Спасовски и за образование Арбр Адеми, како и градоначалникот Максим Димитриевски и функционери од локалната самоуправа.

Групата Шутка Рома Рап, Мухамед Ибраими, PMG Колектив и Фолтин настапија на градскиот плоштад во Куманово. Прослава мина во мирна атмосфера и со зголемено полициско присуство низ градот поради присуството на првиот човек на МВР.

Никој од претставниците на Владата на Република Македонија не се обрати пред граѓаните, а немаше предвидено ниту изјави за медиумите.


