Времето денеска ќе биде умерено облачно, во северните делови со услови за краткотарен попладневен дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен северозападен ветер. Минималните температури ќе се движат од 9 до 18 степени, а дневната највисока температута на воздухотќе се движи во интервалот од 23 до 31 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време, со услови за врнежи и слаби грмежи во попладневните часови. Максималната дневна температура ќе достигне 26 степени.
Потоа следува период на претежно стабилно и потопло време, освен во петок кога во попладневните часови на север ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.