Рибите ги следат предрасуди дека важат за „досадни миленици“. Луѓето често велат дека не сакаат да чуваат риби затоа што се статични, немаат контакт со луѓето и со нив не може да остварат никаква врска, ниту да комуницираат. Сето ова паѓа во вода, благодарение не изумот на Захари Њумен и неговит епријатели кој е претставен на фестивалот на наука организиран на Универзитетот „Carnegie Mellon“.
Имено, Захари и неговите другари направиле аквариум робот кој може да го контролира рибата. Аквариумот е чувствителен на секое движење на рибата и се помера во правецот во кој таа плива. како рибата ја менува насоката и брзината, така и аквариумот ја следи.
https://kumanovskimuabeti.mk/a-da-gu-zamoleshe-zlatnu-ripku-da-ti-ga-napravi-zub-video/

