Резултатите од истражувањето на музичката платформа „Deezer“ во кое учествувале над 5.000 лица, покажале дека луѓето по триесеттата година престануваат да откриваат нова музика.
Според истражувањето луѓето се најактивни во пограта по нова музика во 24. година. Дури 76 отсто од испитаниците кои имале 24 години седмичено слушаат десет или повеќе нови песни, а 64 отсто од нив секој месец откриваат пет нови уметници.
Loading...
Меѓутоа, потоа опаѓа нивната способност со истото темпо да ги следат музичките трендови, а истражувачите велат дека во еден момент тоа едноставно престнауваат да го прават.
Причините поради кои престанува потрагата по нови песни, музички правци и уметници се заситеноста со преголемата количина на музика на пазарот (19 отсто), работни обврски (16 отсто) и грижа за децата (11 отсто).
Близу 47% од испитанциите посакале да имаат повеќе мреке за откривање на нова музика, а 41 отсто изразиле уверување дека тоа ќе го направат кога ќе имаат повеќе слободно време.
– Со оглед на количината на одлична музика на пазарот не е ни чудно што се јавува презаситеноста. Тоа често резултира со „музичка парализа“ по триесеттата година, рекол музичкиот уредник Адам Реад.
Освен тоа, оваа истражување покажало дека слушањето познати песни предизвикува чувство на задоволство и среќа.