Девојка од Кина добила многу критики затоа што на социјалните мрежи се „пофалила“ дека го оставила момчето кога дознале дека наместо скапото „порше“ има кинеска копија која чини многу помалку
Парот се запознал пред две недели на забава. Кога се возеле момчето на девојката и рекол дека живее во близина и и понудил превоз до дома. Се шокирала кога видела што вози, како таа мислела „порше“ кое инаку чини 220.000 долари.
Сепак не и било јасно зошто толку богато момче се однесува скромно и понизно. Признал дека за него се заинтересирала откако видела каков автомобил вози. Потоа излегле неколку пати. Биле во кино и на вечера.
Богатите деца од БиХ: Скапи автомобили, раскошни деколтеа… (ФОТО)
– Беше вистински џентлемн. Токму затоа што беше скромен започнав кон него да чувствувам емоции. Но, иако возеше, како што наликуваше, скап автомобил, носеше евтина гардероба и ме носеше во евтини ресторани, вели девојката која често е на Weibo, кинеска социјална мрежа, а објавила и фотографии и снимки од себе и момчето.
Објавила и видео од автомобилот. Додека некои и честитале за „богатото момче“, еден од пријателите напишал дека тоа не е „порше“. И рекол дека тоа е кинеска марка на автомобил „zotya“, копија на автмобилот „порше“, а нејзиното момче најверојатно лажното лого го купило на интернет. Новиот „zotye SR9“ чини 18.000 долари.


