Базен голем колку 11 фудбалски терени, доволно длабок дури и за нуркачи (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

До 2015. година познатиот базен во хотелскиот комплекс Сан Алфонско де Мар во Чиле, кој зазема иста површина како и 11 фудбалски терени, односно 6.000 стандардни базен, важеше за најголем базен во светот.

Иако тогаш од тронот го симна хотелот „Citystars“ во Шарм ел Шеик во Египет, чиј базен е со површина од 12,5 хектари и прогласен е како најголем во Гинисовата книга на рекорди, чилеанскиот базен кој веќе наликува на море, отколку на базен, и натаму го одзема здивот и е многу посетен.

 

Loading...

 

Го изработила мултинационалната компанија „Crystal Lagoons“, а на површина од околу осум хкетари содржи вкупно 66 милиони галони филтрирана вода од Тихиот океан.

Иако сите мислиме дека нитуе еден базен не може да биде конкуренција на морето и плажата, базенот во приватниот ресорт во Чиле ги руши предрасудите, затоа што во него можете да пливате и едрите, а притоа никој да не ви пречи.

Дека во него нема само да се „шлапкате“ зборува и фактот дека максималната длабочина е 35 метри, па во него можете и да нуркате, а постои и можност за скијање на вода.

 

 

Посебна магија на целиот базен дава тиркизната боја, а температурата на водата изнесува 26 степени, така да тука е значително поудобно, но и побезбедно од океанот.

Базенот е отворен во 2006. година, по пет години градење, а за целиот проект биле потрошени од 1,5 до две милијарди долари.

Leave a Reply