Во емисијата на холандската телевизија „NTR“ снимен е академикот Јерзи Таргалски на тема политички тензии во Полска, но интервјуто отишло во насока која никој не ја очекувал.
Додека професорот зборувал за оваа сериозна тема, неговиот мачор Лисио се појавил и одлучил да скокне врз својот сопственик, затоа што – Како се осмелува да се снима без него?
Мачото се качил на неговите раменици, се мази и во еден момент дури му го лиже увото.
Професорот не дозволил тоа да го ремети, туку само ја тргнал опашката од неговото лице, а она што е најчудно е што во ниту еден момент не се обидел да го отстрани миленикот, туку само продолжува да зборува.
Мачорот Лисио веќе е познат во Полска по тоа што се појавува во интервјуто на својот сопственик, а сега конечно успеа да дојде и до светска слава.
The Polish historian & political scientist Jerzy Targalski remained completely unruffled during our interview when this happened👇🤨🤷♂️ pic.twitter.com/4dLi16Pq1H
— Rudy Bouma 🧑💻🎦 📺 (@rudybouma) July 7, 2018
Loading...