Лагард: Единствена ЕУ може да донесе рамнотежа во трговската војна

Сподели со своите пријатели

Директорката на Меѓународниот монтарен фонд Кристин Лагард изјави дека ЕУ, доколку заземе едиснтвен став, може да донесе рамнотежа во трговската војна на САД и Кина.

– Во игра е искажување на моќ која од една страна ја покажува Америка, а од друга Кина. Европа може да одигра одредена карта, рекла Лагард на економскиот форум во градот Екс он Прованс на југот на Франција.

Според нејзини зборови, Европа во областа на трговијата е од стратешко значење за Америка и Кина.

Таа нагласува дека ЕУ има моќ да ја урамнотежи трговската игра.

– Обединетите Европјани се сила, моќ. Кога се единствени тогаш имаат вистински глас кој нешто значи, вели Лагард, додавајќи дека ЕУ би можела да „послужи и како инспирација за бројни земји во светот.

Leave a Reply