Австралискиот ресторан „Бургер Урге“ на своето мени го има ставено хамбургерот кој е толку лут што го нарекле „Double Decker Death Wish“ (Двокатен автобус со смртна желба).
Оние кои имаат доволно храброст да го пробаат, пред дегустацијата мора да потпишат договор дека го јадат на своја одговорност.
Овој хамбургер содржи две плескавици од говедско месо, сланина натопена во јаворов сируп, сирење, краставчиња, јалапенос пиперки, патлиџан, салата и т.н. ghost chilli сос.
https://www.instagram.com/p/Bkti6eOgWFW/?utm_source=ig_embed

