Додека во одредени делови на Велика Британија граѓаните се борат со дожд и грмотевици, истовремено во Њукасл, Велс, дошло до несекојдневно спасување.
Во овој дел на земјата измерени се 24 степени целзиусови, што кај нас е вообичаено и пријатно летно време. Меѓутоа, оваа температура е невообичаена за тоа поднебје, па дошло, верувале или не, до топење на асфалтот.
Имено, 24-годишник за време на одењето на пауза за ручек стапнал на мекиот дел од патот кој автоматски му ја „проголтал“ ногата. За да биде спасен, пожарникарите морале да кршат поголем дел од патот, за да го ослободат.
– Можел да испаничи и да го скрши зглобот, но мирно повикал и почекал помош. Стигнавме неколку минути по повикот, ископавме дел од асфалтот и полека му ја извлековме ногата која беше длабоко заробена во бетонот, рекле пожарникарите за „Дејли мејл“.