Полицијата во Пенсилванија привела 17-годишник кој е апсолутен фаворит за титулата „најглупавиот криминалец во светот“.
Џејсон Х. како што пренесуваат тамошните медиуми ја заслужува титулата затоа што на глупав начин ограбил еден постар брачен пар, што од тоа може да се направи комедија.
Се започнло пред неколку дена во 3 часот наутро.
Џејсон провалил домот на еден постар брачен пар и ја разбудил 70-годишната баба така што по рамото ја почукнал со пиштол.
Од неа барал пари, а ја познавал од претходно затоа што живеел во стан кој таа му го изнајмувала.
ПРВ БИСЕР: Не бил маскиран, иако ја познава старицата.
Кога му рекла дека во домот не чува пари, ја одвел до банкомат и и наредил да подигне 2.000 долари и да му ги предаде парите. Во спротивно, и се заканил дека ќе ја убие.


