Угостителските објекти лоцирани во Касапскиот круг, Соколана и Занаетчискиот дом во иднина ќе мора да почитуваат строги одредби кога станува збор за поставување на времени објекти и урбана опрема, вака одлучи денеска Советот на Општина Куманово на 13. Одржана седница.
Токму овие три посочени објекти се под културна заштита, па посебниот третман е со цел да се зачува автентичноста на истите.
– Не е можно и допустиво на такви објекти да се поставуваат елементи кои ќе ја нарушат нивната првобитна вредност. Ако појдеме во Касапски кург има најмалку три до четири летни бавчи која секоја на свој начин го има осмислено и поставено својот ентериер или екстериер на своите угостителски објекти од тие причини, должни сме согласно закон проектот да го доставиме до конзерваторски центар да добиеме од нив согласност, па потоа да издадеме одобрение. Тоа е процедура која за жал до денеска не се почитува, не дека не треба, туку затоа што до нас угостителите не доставиле соодветна документација по која можеме да постапиме, вели Лидија Ланг Спасовска, раководител на Секторот за урбанизам.


