Фестивалот „Куманово има млади таленти“ утре ќе се одржи во Куманово со почеток од 17 часот во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
Настанот ќе се организира како еднодневен настан кој што ќе трае од 17:00 – 23:00 часот и истиот се состои од графити фест со млади артисти, заедно со DJ-и од Куманово, изложба на фотографии и музички концерт и танцов перформанс со млади таленти од градот.
На настанот се поканети млади, претставници на граѓански организации како и сите
оние кои што сакаат да учествуваат, да се забавуваат и да бидат дел од овој фестивал.
Организатор на овој настан кој е во рамките на програмата „Активни граѓани“ на Британски совет, е Центарот за интеркултурен дијалог од Куманово.