Во период од 08:00 до 15:00 часот без електрична енергија денес ќе бидат делови од село Тромеѓа и населбата Вера Которка, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Прекини во снабдувањето со електрична енергија се најавуваат и за утре. Во период од 08:30 до 10:00 часот без струја ќе бидат жителите на дел од улицата „Боро Прцан“, а од 08:00 до 15:00 часот прекини се очекуваат во селата Слупчане Оризаре, Алешевце, Руница и Белановце кои гравитираат на подрачјето на општина Липково, додека од кумановска територија во истиот период електрична енергија ќе нема во делови од Ајдучка чешма.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија, поради интервенција во мрежата.