Услови за нестабилност во попладневните часови

Сподели со своите пријатели

Времето денеска е сончево и топло со слаб ветер од променлив правец.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, попладне во северните делови ќе има делумно зголемување на облачноста со изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 35 степени. Индексот на УВ зрачењето е многу висок со коефициент 9.

Во Куманово и околината денеска имаме топло и сончево време со максимална дневна температура од 31 степен. Нестабилност со грмежи и дожд локално се очекува во попладневните часови.

До петок ќе преовладува сончево и топло време. Утре и во петок во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено на исток и во планинските предели. За време на викендот на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени.

Leave a Reply