Една Јужноафриканска се разбудила жива во разладената комора на мртовечницата, отако службата на Итна помош ја прогласила за мртва по сообраќајна незгода.
Компанијата „Distres alert“, која пружа амбулантни услуги, соопштила дека жената по сообраќајната несреќа, која се случила на 24. јуни „не покажувала знаци на живот“, па била префрлена во мртовечницата во Карлетонвил, во провинцијата Гаутенг.
Меѓутоа, кога човекот кој е вработен во мртвоченицата се вратил да го провери телото во разладената комора забележал дека жената дише.
Loading...
Неименувани извори од локалните власти, рекле дека жената, чиј идентитет не е објавен, сега се опоравува во болница источно од Јоханесбург. Во тек е истрага за овој инцидент, одека нејзиното семејство чека одговори.
– Како семејство, нема да зборуваме за ова доколку не биде присутна полицијата, службата за Итна помош и официјални лица од мтровечницата кои се вмешани во ова. потребни ни се одговори, рекол неименуван член на семејството, додавајќи дека сите се во шок.
Во меѓувреме, шефот на компанијата „Distres alert“ Герит Бредник рекол дека „нема докази за било каков пропуст“ на неговата фирма.
https://youtu.be/nkTawirRxqk