Студенти приредија изненадување за чистач, а тој плачеше како никогаш во животот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Омилениот чистач на Универзитетот во Бристол бил трогнал до солзи кога студентите му вчраиле околу 2.000 евра кои ги собрале за да по долго време може да ја посети родната Јамајка.

Херман Гордона студентите го обожавале поради неговиот секогаш позитивен пристап кон животот и насмевката која ја споделувал со сите. Гордон не можел да се воздржи и плачел кога студентите му предале пари, кои ги собрале преку страницата „Just Giving“.

Учествувале 230 студенти, а свотата би требало да покрие пат и недела дена престој на Јамајка на симпатичниот чистач и неговата сопруга, пишува Дејли Мејл.

– Тој е одличје на среќата. Многу денови кои ги минувавме тука  ни ги направите поубави и сакаме да знаеме дека ве сакаме и цениме, пишува во пораката.

 

Loading...

 

Гордон на Универзитетот работи како чистач последните 12 години. Рекол дека во животот е важно да се држите подалеку од негативните влијанија.

– Знам дека овие студенти се трудат и учат. не сакате негативни вибрации околу нив. Секогаш убаво разговараат со мене и јас исто така со нив, рекол Гордон.

Идејата со собирање пари ја добила откако на неофицијалната страница на Универзитет е објавено:

– Господинг Гордон е највеселата личност која ја имам запознаено. Ако ви треба причина за насмевка, разговарајте со него барем минутка или две, пишувало на Фејсбук.

Ден подоцна започната е акција за собирање пари, но Гордрон за тоа ништо не знаел, ниту на студентите некогаш им споменал дека би сакал да го посети своето семејство на Јамајка.

https://www.facebook.com/Bristruths/videos/2161989417355728/

Leave a Reply