Со години се трудела да ослабне, но тоа никако не и одело од рака. Она што на крајот се случило ги шокирало сите, но и објаснило што е проблемот со неа.
Кејла Ран (30) од Алабама држела диета обидувајќи се да ја намали килажата. Се мачела со години, но безуспешно, а пред неколку месеци започнале да ја мачат болки во стомакот.
Кога болките станале неиздржливи, Кејла одлучила конечно да замине на лекар.
– Имав проблеми со секојдневните активности, па дури и со одењето. Не можев да направам неколку чекори, а да не изгубам здив, рекла таа за локалните медиуми.
Лекарите првин ја советувале дека мора да ослабне, што таа и се обидувала да го направи. Но, наместо да започне да губи килограми, таа ги добивала.
Откако болките станале неподносливи, завршила во итна помош, каде лекарите конечно установиле во што е проблемот – во нејзината утроба се наоѓа масивен тумор.
Loading...
Потврдено е дека е во прашање тумор на јајници, за среќа бенигни, кој најчесто се јавува кај жени на возраст од 20 до 40 години.
Секако, веднаш била закажана операција.
Иако ултразвукот и другите наоди покажале дека се работи за голем тумор, вистинскиот шок следувал кога хирурзите ја извадиле масата од нејзиното тело. На мерењето е установено дека туморот е тежок дури 23 килограми.
– Ова е еден од најголемите вакви тумори кои ги имам видено во својата кариера, рекол еден од хирурзите.
Од друга страна, нејзе конечно и станало полесно. Со отстранувањето на туморот драстично ослабнала и животот и се вратил во нормала.