По повод големиот празник на Србите, Видовден во Младинскиот културен центар во Куманово синоќа се одржа свечена академија, која ја организираше Обединетата српска заедница.

На манифестацијата присуствуваа високи претставници од Македонија и Србија. Присутните во салата, меѓу кои имаше и високи претставници од Македонија и Србија, имаа можност да проследат концерт на културно уметничкото друштво Копаоник од Лепосавиќ и Карпош од Старо Нагоричане.
– Сигурен сум дека нема да згрешам ако кажам дека целата наша историја е поврзана со Видовден и тој датум. Видовден е ден во кој увена најубавиот српски цвет. Видовден е ден на тага и славје, пад и победа, смрт и воскресение. Видовден бара и од сегашните генерации во знакот на православието, осветување, чистење од омраза, бара спокој под небото на Косово, Србија и светот. Слобода, мир слога, правда, истакна еден од говорниците на настанот.

Пред присутните се обратија и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, како и претседателката на Советот на општина Трговиште.
– Од овде нашето Куманово кое е Македонија во мало. Не има од различни етнички заедници, вери, но секогаш ги почитуваме и вреднуваме заедничките датуми и заедно ги одбележуваме. Во оваа прилика во мое и во име на граѓаните на Куманово сакам да им одадам признание на сите тие генерации кои се вградија во нашата заедничка историја и воедно на сите припадници на српската етничка заедница да ви го честитам големиот празник Видовден, кој те потсетува на нешто од минатото што не треба да се заборави – истакна Димитриевски.

– Со оглед дека добар дел од Србите во Куманово потекнуваат токму од територијата на општината Трговиште и долината на Пчиња сеќавајќи се на нашите предци, не смееме да го заборавиме минатото а исто така мораме да мислиме на нашите потомци и на иднината. На сите ви го честитам празникот и сакам среќа и благосостојба – претседател на Совет општина Трговиште.

На свечената Видовденска академија се одржа и промоција на книгата „Приказни од Македонија“, од авторката Нена Ристиќ Костовска. Инаку во рамки на одбележување на празникот беше реализиран и трунир во мал фудбал.


