Поголемиот дел од нас знаат дека колку и да сме радознали, едностано постојат места до кои не е лесно или е невозможно да се дојде, а островот Сурстеј е едно од нив.
Овој мистериозен вулкански остров се наоѓа во северниот дел на Атлантскиот океан, на околу 32 километри јужно од брего на Исланд чија воедно е најјужна точка.
https://www.instagram.com/p/BacTycvHWiU/?utm_source=ig_embed
Loading...
Се формирал како последица на подморска вулканска ерупција која започнала на 10. ноември 1963. година.
Веќе на 14. ноември контурите на островот се појавиле на површината на океанот, а ерупциите траеле се до 5. јуни 1967. година. Островот е наречен по Сурта, божеството на огнот од нордиската митологија.
https://www.instagram.com/p/BkVJHS8AKKJ/?utm_source=ig_embed
Овој процес на „раѓање на островот“ е многу ретка појава. Од 1967. година на островот започнале да се појавуваат првите растителни екосистеми. Биолозите тврдат дека првите семки растенија на островот дошле преку ветерот, а првите форми биле мов, бактерии и печурки. Веќе во 1965. година се појавиле и првите сложени растителни формации.
Според истражувањата на тамошните биолози, до 2004. година регистрирани се околу 60 сложени растителни заедници, околу 75 видови мов, 71 вид лишаи и 24 видови печурки. Фауната ја составуваат 335 видови ‘рбетници и 89 видови птици од кои 57 видови се разможуваат и на другите локалитети ширум Исланд.
https://www.instagram.com/p/BacTycvHWiU/?utm_source=ig_embed
Овој остров научниците го нарекле „најмлад остров во светот“, од 2008. година се наоѓа на листата на УНЕСКО за заштита на европското наследство, а за да се сочува новоформираниот екосистем во првобитната форма, посетите на островот се строго забранети. Посетите им се одобрени исклучиво на некои научници.
https://www.instagram.com/p/BiedvSNgzW-/?utm_source=ig_embed
Она што е интересно е што на овој остров за време на една експедиција била пронајдена плантажа со домати. Никој не знае како тоа се случило, а научниците ја уништиле за да не им ги поремети научните истражувања.