МОДНА РЕВИЈА ВО САУДИСКА АРАБИЈА: Облеката ја носат дронови (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во Саудиска Арабија одржана е модна ревија, а наместо манекенки и манекени користени се дронови.

Иако е доволно отворена да организира модна ревија, Саудиска Арабија се уште не е подготвена жените да ја носат истата.

Ваквиот начин на прикажување на облеката предизвика голем број негативни коментари. Поголемдиот дел сметаат дека ревијата изгледала смешно, затоа што изгледало како фустаните да ги носат духови.

Водителот на програмата објаснил дека ревијата е организирана на овој начин за да шоуто изгледа поинаку.

Кога ќе се земе предвид дека жените во Саудиска Арабија и натаму мора да го почитуваат „дрес кодот“ тогаш тие не би можеле да бидат модели. Нивната улога ја презеле дроновите.

Иако на 5. јуни годинава Саудијките добија право да возат, многу работи за нив и натаму остануваат забранети.

https://www.facebook.com/cnninternational/videos/10156487924244641/

Loading...

Leave a Reply