Започнаа уписите во средно: Најголем интерес за Гимназијата „Гоце Делчев“
On:
Сподели со своите пријатели
Започнаа уписите во средните училишта ширум државата. Во Куманово има слободно место за упис на 2.500 ученици во петте средни учлишта, а најголем интерес денеска на првиот ден деветтоодделенците покажуваат за Гимназијата „Гоце Делчев“.
Оваа училиште нуди шест образовни подрачја, со десет паралелки на македонски јазик, една на српски и една билингвална паралелна со настава и на француски јазик.
– Учениците можат да се запишат во шест подрачја. Природно математичко подрачје комбинација А, природно математичко подрчаје Б, тоа се за оние што ги сакаат природните науки и математиката, потоа имаме општествено хуманистичко подрачје комбинација А за оние што сакаат да се занимаваат со економија и право во иднина, општествено хуманистичко подрачје Б е за оние кои би сакале да се запишат во иднина на филозофија, педагогија, социјалогија, историја и други опшстествени науки и имаме јазично уметничко подрачје А, тоа се однесува на оние кои идната професија ја гледаат како наставници или преведувачи во некој странски јазик и имаме јазично уметничко подрачје Б тука би можеле да се запишат оние кои се интересираат за музичка, ликовна и драмска уметност, изјави Валентина Арсиќ заменик директор во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“.
Заменик директорката Арсиќ очекува добар одзив и годинава и нови 250 ученици. Во оваа средно училиште, според конкурсот на Министерството за образование има вкупно 374 слободни места.
Нешто послаб интерес од утринава е покажан за образовните профили во СОУ „Перо Наков“, каде според конкурсот има 740 слободни места, од кои 340 на македонски наставен јазик, а останатиот дел на албански. Освен стандардните профили од учебната 2018-2019 година во оваа училиште започнува и спортската академија.
– Бараме и ученици за спортска академија кои се запишуваат во Скопје во државното спортско училиште а потоа по рангирањето документите ќе бидат доставени до нашето училиште. На учениците од економско правно и трговска струка образовни профили како што се економски техничар, техничар за трговија и маркетинг, деловен секретар и банкарски техничар, додека од текстилно кожарската струка нуди парелалаеки конфекциски техничар, техничар за обувки, техничар за дизајн на обувки и дизајн на облека што е четиригодишно додека од тригодишно имаме произведувач на обувки, изјави Мила Жибак, директорка на СОУ „Перо Наков“.
За спортската академија веќе се финализираат бројките со оглед дека на 10. мај се одржа селективниот тренинг во салата и од оние кои го поминале тренингот, директорката Жибак очекува да бидат пријавени на уписот.
Најголем интерес во „Перо Наков“ се очекува во економско-правната и трговската струка.