Грмушки ги проголтаа тротоарите на Магаза (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Од високите грмуши и бујната вегетација тротоарите во населбата Перо Чичо долж улицата „Ѓорче Петров“, поточно кај месноста Магаза се целосно обраснати и истите не може да се користат од пешаците, реагираат жителите на овој дел од градот.

 

Loading...

 

– Никој од надлежните институции не презема ништо, па мораме да одиме по сред улица, може некој да настрадаме од возилата. Бараме од јавните претпријатија да ги исечат овие растенија за да се ослободат тротоарите, велат жители на Перо Чичо кои ги доставија овие фотогафии до нашата редакција.

 

 

Дополнително тротоарите во овој дел на градот се узурпирани и од несовесните возачи кои автомобилите ги паркираат каде стигнат.

 

Loading...

 

Како што информираше раководителот на техничко-технолошкиот сектор при Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“, Благица Јовановска на последната прес конференција, засега се уредуваат булеварите, по што ќе се премине и на останатиот дел од градот, со цел вегетацијата да не го попречува сообраќајот.

 

Leave a Reply