Изгоре „Мерцедес“ во населбата Перо Чичо

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 12.30 часот на ул. „Ѓорче Петров“ во Куманово од засега непознати причини избувнал пожар во патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, паркирано од И.Т. (33) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од пожарот возилото целосно изгорело. При обидите И.Т. да го изгасне пожарот се здобил со изгореници. Од страна на екипа од Територијална противпожарна единица Куманово, пожарот бил изгаснат.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на настанот.

Leave a Reply