ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово ќе организира бесплатен превоз за утрешниот антивладин протест

Сподели со своите пријатели

Бесплатен превоз од неколку локации утре ќе организира Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните на Куманово кои сакаат да бидат дел од антивладиниот протест кој ќе се одржи во Скопје, а во организација на партијата.

Со почеток во 18 часот, автобуски превоз ќе биде организиран од неколку локации: Спортска сала, Соколана, Пожарна, бул „III МУБ“, булеварот „Октомвриска револуција“, населбата Гоце Делчев (Кошеви), населбата Зелен Рид (пошта), населбата Карпош (крст) и населбата Перо Чичо.

Како што вели првиот човек на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски, измина една година од владеењето на Зоран Заев, година која, како што посочи, има нула проекти и е година на економско и национално промашување.

– Ова е време кога пратеници, уметници и обични граѓани – патриоти се обвинети за тероризам, а се пуштаат на слобода сторители на кривични дела, се промовираат  врвни советници за национална безбедност поранешни борци на ОНА како командант Хоџа. Ова е време кога премиерот не пропушта прилика да не убедува во својата чесност, а луѓето од неговото најблиско опкружување безмилосно проневеруваат милиони евра на дневна база. Насочени се кон креирање на колективна хипноза поткрепена со гол популизам и брутални лаги. Нема реформ и работа, има само неспособност и дилетанство, рече Петрушевски на денешната прес конференција.

Според Петрушевски, причините да се крене гласот се многу, а целта е да се крене гласот за Македонија пред да биде предоцна.

– Да го дигнеме гласот противраспродажбата на националните интереси, против катастрофално водените преговори со Грција, против тиранската платформа како алатка за искористување на гласачите како бројки, против неуставниот закон за јазици и неговото насилничко изгласување, против лагата за 500 евра плата, против лагите кон докторите, младите и стечајците, против намалените пензии и субвенции, против нерасчистените убиства и ослободените криминалци, противпонижената полиција, беззаконието и рекетот, против пазарењето со случаите за Диво Насеље и Смилковско, против историското задолжување на државата, против преполовување на градежништвото, против уништувањето на куповната моќ и порастот на давачките, порача Петрушевски.

Утрешнито антивладин протест во организација на ВМРО-ДПМНЕ започнува во 20 часот пред Владата на Република Македонија.

Leave a Reply